Толку монструозно го казнила синот поради пцовка, што морала да интервенира и полицијата (ВИДЕО)
On:
Сподели со своите пријатели
Бизарна и скоро монструозна постапка на една мајка за казнување на синот поради пцовка, направи вистински линч од корисниците на социјалните мрежи, а случајот стигнал и до полицијата.
Кејтлин Вулф од Лизбург, Вирџинија предизвикала вистинска бура кога нас војот профил поставила снимка во која се гледа како синот го држи и со главата го спушта во ВЦ школка. Како што рекла, тоа го направила затоа што момчето пцуело.
– Тоа беше шега меѓу двата сина и мене. Му ја ставив главата во внатрешноста на работ на ВЦ школката, а потоа пуштив вода. Мојот постар син снимаше, рекла таа, додавајќи дека видеото станало вирално благодарение на поранешната девојка на нејзиното момче на која бејбиситерката и го испратила видеото.
Како што изјавила за локалните медиуми главата на момчето не била навлажнета при бизарната игра за казнување.
– Неговата глава никогаш не беше под вода, неговото лице беше суво. Можеби водата ја има зафатено само површината на косата. Страшно ми е што поради шега можам да ги изгувам своите деца, изјавила таа.