Токио почна да ги издаваат првите потврди за истополови заедници

Сподели со своите пријатели

Градското собрание на Токио денеска почна да издава потврди за истополови бракови на лица кои живеат или работат во јапонската престолнина, што е долгоочекувана мерка во земја во која не постојат истополови бракови.

Loading...

Јапонија е единствената земја од Групата седум индустриски најразвиени земји во светот која не ги признава истополовите заедници, а нејзиниот Устав предвидува дека „бракот може да се склучи само со согласност на двата пола“.

Одобрувањето од страна на митрополитската влада на Токио дозволува ЛГБТ партнерите да се третираат како брачни парови за одредени јавни услуги поврзани со домување, здравје или благосостојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја истрела ракети со краток дострел

Трендовскиот кварт Шибуја во Токио беше првиот што понуди такви сертификати во 2015 година.

Повеќе од 200 општини и локални власти потоа почнаа да издаваат такви сертификати.

Во последниве години, предводена од конзервативната десничарска партија, Јапонија презеде мали чекори кон прифаќање на сексуалната различност.

Според истражувањето на јавното мислење од 2021 година, околу 57 отсто од испитаниците биле за геј бракови, додека 37 отсто биле против.