Токаев официјално победи на изборите во Казахстан

Сподели со своите пријатели

Актуелниот претседател на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев победи на претседателските избори одржани во неделата, освојувајќи 81,31 отсто од гласовите, потврди денеска претседателот на Централната изборна комисија, Нурлан Абдиров, кој ги објави конечните резултати од гласањето.

– Касим Жомарт Токаев доби 6.456.392 гласа или 81,31 отсто – рече Абдиров, наведувајќи дека излезноста била 69,44 отсто, пренесува ТАС С.

Кандидатот Јигули Даирабаев од Народната демократска патриотска партија Ауџил е втор со 3,42 отсто гласови, додека за опцијата „против сите“ гласале 5,8 отсто од гласачите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над половина од Полјаците не сакаат да ја бранат својата земја