Токаев нуди посредство на Казахстан во преговорите меѓу Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев ги повика Украина и Русија да преговараат и понуди посредување доколку е потребно.

Loading...

На конгресот на владејачката партија Токаев оцени дека причина за конфликтот во Украина е неисполнувањето на договорот од Минск, пренесува агенцијата Интерфакс.

„Договорите од Минск останаа мртва буква на хартија, што доведе до воени акции на територијата на Украина. Геополитичката ситуација ескалира на невиден начин“, рече Токаев.

Тој посочи дека Казахстан ги повика Русија и Украина да најдат заеднички јазик на преговарачката маса и да постигнат договор, додавајќи дека нема друг начин и дека, како што рече, „подобар е лош мир од добра кавга“.

„Казахстан е подготвен да обезбеди секаков вид помош, вклучително и услуги за посредување, доколку тоа, се разбира, е неопходно“, рече Токаев.

Тој посочи дека позицијата на Казахстан треба да тргне од потребата да се обезбеди безбедност, суверенитет и територијален интегритет.

Тој изјави и дека Казахстан инсистира на принципот на неделивост на евроазиската безбедност, што подразбира меѓусебно разбирање засновано на меѓусебна доверба.