Алмеда (75) и Гери Хардвик (21) се венчале во 2015 година, само две недели откако се запознале – на погребот на синот на Алмеда, Роберт.
Гери во тоа време имал 17 години, а неодамна раскинал со својата поранешна 77-годишна партнерка и започнал врска со Алмед, пренесува The Sun.
Иако има 54-годишен јаз меѓу нив, Гери и Алмеда откриле дека тие се доста обичен пар како и секој друг. По свадбата, што ја подготвиле за само шест дена, тие се преселиле со еден од внуците на Алмеда, кој е три години постар од Гери.
– Не барав помлад човек, Гери едноставно се случи. Кога го запознав, знаев веднаш дека тој е вистинскиот човек за мене – вели Алмеда.
https://www.instagram.com/p/CA01BTUDP2-/?utm_source=ig_embed
– Таа навистина е мојата девојка од соништата, а физичката страна на нашата врска е голема – се согласува Гери.
Гери објаснува како неговата привлечност кон постарите жени започнала кога имал само осум години и бил вљубен во една од неговите учителки. Пред да се запознае со Алмеда, тој бил во врска со постара жена, но нивната врска не била добра и тој паднал во депресија.
Но, средбата со Алмеда му помогнала повторно да ја најде својата страст и среќа. Откако добил дозвола од неговата мајка и баба, Гери ѝ предложил брак на Алмеда само две недели по нивниот прв состанок, и тие се заедно веќе пет години.
– Таа насмевка и неговиот добар изглед. И двајцата бевме толку нервозни на првиот состанок што Гери во еден момент падна од столчето. Но, едно прашање морав да го поставам, а тоа беше дали сум престара за него. Само што ми ја зеде раката, се насмевна и ми рече дека годините е само број. Се чувствував како тинејџерка – рече Алмеда.
https://www.instagram.com/p/B8kNc0eDFpz/?utm_source=ig_embed
– Алмеда е млада во своето срце и возраста никогаш не нè вознемирува, дури и не размислуваме за годините. Само што знам дека Бог одговори на моите молитви денот кога Алмеда влезе во мојот живот“, вели Гери.