Тој е милионер, а ќерка му е бездомничка, живее во автомобил ѝ го моли татко и за помош

Сподели со своите пријатели

Ќерката на славниот рапер д -р Дре, Латања Јанг (38) тврди дека нејзиниот татко одбива да и помогне финансиски, како и дека е принудена да живее во автомобил.

Loading...

Патем, богатството на музичарот се проценува на 800 милиони долари.

Латања работи како доставувач на храна и работник во складиште, но таа тврди дека и онака не може да си дозволи да ја плати киријата, па спие во изнајмено возило.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Dre (@drdre)

 

Имено, таа рече дека неколку пати побарала од својот татко милионер да и помогне финансиски, но дека не добила ништо од него во последните 18 месеци.

Loading...

Дре (вистинско име Андре Ромел Јанг) ја добил Латања со Лиза Џонсон, со која раскина кога Латања имала само пет години.

Таа вели дека не го видела славниот татко 18 години и нема ниту број на мобилен телефон, туку комуницира со него преку неговиот тим.

Латања е самохрана мајка на четири деца, Татјана (16), Ријана (13), Дандреа (8) и Џејсон III (3), со кои нашла сместување.

– Моите деца живеат со пријатели, не живеат во автомобил, само јас – посочи таа.

Таа рече дека работи две работи, но се уште не може да си дозволи стан.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Dre (@drdre)

Loading...

 

– Работам во магацин и доставувам храна. Се обидувам да ја држам главата над површината. Долго време сум во долгови – вели Латања.

Во моментов, вели таа, живее во страв дека ќе остане без автомобил.

– Ми наплатуваат 15 долари на час. Изнајмувањето автомобил е скапо. Чини 2.300 долари за три недели, а јас платив само една недела. Порано или подоцна, ќе ми го земат автомобилот – рече таа.

Таа раскажа како се преселила со своите деца пред еден месец од Невада во Калифорнија со надеж дека ќе заработи подобро.

– Имам семејство и пријатели кои повремено не носат под покрив, но најчесто живеам во автомобил – вели таа.

Таа се обратила до Дре за помош преку неговиот адвокат, но тој наводно и рекол дека нејзиниот татко повеќе не сака да и дава пари затоа што таа претходно зборувала за него во медиумите.

– Јас сум бездомничка и го молам татко ми за помош, но неговиот адвокат ми рече дека не сака да помогне затоа што разговарав со новинарите за него. Како да сум осудена ако зборувам, и осудена сум ако не зборувам. Се обидувам да комуницирам со него, да видам дали сака да разговара со своите внуци. Моите деца се доволно возрасни за да знаат кој е и шокирани се што не сака да има ништо со нас – рекла таа.

Loading...

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Dre (@drdre)

 

Таа призна дека Дре и помагал и дека и плаќал кирија и и давал џепарлак, но во јануари 2020 година, тоа престанало.

– Луѓето ме гледаат како ќерка на милионер и не разбираат зошто работам. Затоа сакам да се кријам под карпа. Порано ми плаќаше кирија и ми даваше џепарлак, но сега веќе не сака. Јас сум на улица. Го слушам како купува куќи за љубовницата. Тоа е ужасна ситуација – рече таа.

Loading...

Таа вели дека била погодена и кога слушнала дека тој се согласил да и плати алиментација на неговата поранешна сопруга Никол Јанг, од која се разведе по 24 години брак, месечно.

– Ми беше непријатно кога го слушнав тоа, луѓето ме гледаат и се прашуваат зошто. Она што го доби Никол, требаше да го добие и мајка ми. Го молев да ми обезбеди дом, за сестра ми и моите деца. Тој требаше да не поддржи додека студиравме и да плати за нашата здравствена заштита, но тој никогаш не го стори тоа- заклучува Латања.

Да потсетиме, американскиот продуцент и рапер Др. Дре неодамна доживеа аневризма на мозокот, и откако дозна дека е хоспитализиран, четворица мажи се обидоа да му ја ограбат куќата.

 

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Dre (@drdre)

Leave a Reply