Денеска околу 12 часот пред објектот на Министерството за здравство во Скопје, според првичните сознанија лицето Љ. С.(60) од село Долно Каласлари, велешко испукал два проектили од пиштол кон поранешниот министер за здравство Н.Т. кој не е повреден по нападот.
Од страна на полициски службеници Љ.С. е приведен на местото на настанот, каде што e пронајдена една чаура. Истрагата е во тек и се работи на целосно расчистување на случајот.
Напаѓачот е дедо на малата Тамара која почина чекајќи на средства од Фондот за здравство за лекување во странство. Решението за одобрени средства пристигна еден ден откако таа ја изгуби битката со болеста.