Тоа се вика среќа: Вложила 80 центи во казино и освоила џекпот од 200.000 евра

Сподели со своите пријатели

40-годишната жена освоила повеќе од 200.000 евра на новогодишната ноќ во казино во Сен Мало, Бретања, Франција, откако ставила 80 центи во автомат, изјави во неделата директорот на казиното.

Loading...

“Таа е почетник во коцкање , која беше на одмор со нејзината мајка. Таа освои 209.715,20 евра, втор најголем џекпот на казиното од воведувањето на автоматите за игри на среќа пред 30 години”, изјави директорот на казиното Barrière, Франсоа-Стефан Верњ.

 

 

Инвестирајќи 80 центи во саботата околу 17 часот, машината ја покажала последната шестцифрена сума.

„Луѓето често не сфаќаат што им се случи. Таа беше малку изненадена, ја тргнавме настрана и и понудивме чаша шампањ“, рече тој.

Во 2011 година во истото казино играчот освоил 425.000 евра вложувајќи 60 центи.

Loading...