Во Куманово викендов се одржа турнир во рамки на проектот Детски тенис, кој e во организација на тенискиот клуб Тумба. Исиот е дел од календарот на Македонската тениска федерација.
Loading...
Натпреварите се одржаа во конкуренции: Црвен тенис за деца до 10 годишна возраст, учествуваа 20 ученици, конкуренција портокалов тенис до 10 години, 25 учесници. Учествуваа шест клубови, членови на Македонската тениска федерација.
Најдобрите добија награди, а сите ученици на турнирот се стекнаа со дипломи. Победник во женски портокалов турнир е Сара од тенискиот клуб МТП Скопје, Алксандар Грујиќ од клубот Југ, а од тенискиот клуб Тумба најдобра се покажа Елена Божиновска која освои трето место во портокалов тенис.