Тинејџерки се снимиле како вадат покојник од гроб: Сцената ја згрози нацијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Три неименувани тинејџерки ја шокираа нацијата откако се снимале како ги извлекуваат посмртните останки на починатиот од гроб.

Loading...

Морбидната приказна е снимена во градот Пиракуа на југот на Бразил, а полицијата брзо реагирала кога видеото се појавило на мрежите.

Под превезот на ноќта, девојките дошле на локалните гробишта Саграда Фамилија.

Цело време се смееле и се шегувале на сметка на облеката на покојникот, пренесува Daily Star.

„Видете, тој е погребан во костум. Да не бил на свадба“, рече едната.

„Сакав да најдам некој ваков. Навистина е кул“, одговори друга.

Видеото е објавено на интернет и потоа полицијата покрена истрага.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците предупредуваат на можно страшно сценарио од 1815 година, но со посериозни последици

Веднаш биле идентификувани две тинејџерки на возраст од 14 и 17 години и бил остварен контакт со нивните родители.

Loading...

„За помалку од еден час властите ги пронајдоа тинејџерите кои беа вмешани во ова злосторство. Продолжуваме со истрагата за расветлување на фактите“, беше соопштено.

Полицијата сака да разјасни кога се случил грозоморниот настан и кој е мотивот на малолетничките да направат такво нешто.