Тинејџери се тепале во Соколана, полицијата ги привела

Сподели со своите пријатели

Двајца тинејџери викендов биле приведени поради меѓусебна, но и тепачка со други малолетници, при што го нарушиле јавниот ред и мир.

Loading...

– На 07.12.2024 во 21.52 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.К.(18) и М.Д. (19) од Куманово, затоа што во парк “Соколана” во Куманово учествувале во нарушување на јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив и неколку малолетници, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски