Тинејџери се тепале во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник бил физички нападнат во центарот на Куманово од тројца други тинејџери, од кои едниот и малолетен.

Loading...

– На 05.07.2024 година во 22.15 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ш.З.(18) и Х.А.(22) од Черкези, А.А.(18) од Матејче и 17-годишник од Куманово, затоа што на улицата „Гоце Делчев” во Куманово физички го нападнале А.С.(19) од село Ваксинце, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми