Тинејџери пустошеле низ Скопје, од работилница украден алат вреден половина милион денари

Сподели со своите пријатели

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т. (20) и шеснаесетгодишник, двајцата од с.Батинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид. На 03.03.2017 година околу 03.45 часот во казино на ул. „Иван Хаџи Николов“ пријавените со закана со ладно оружје се обиделе да го одземат дневниот промет од вработените, но во намерата биле спречени од вработените во обезбедувањето на казиното, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во вториот случај, СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В. (24), К.Ј. (18) и еден шеснаесетгодишник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 27.01.2017 година во Скопје во автосервис на ул. „Александар Македонски“ пријавените извршиле тешка кражба, одземајќи поголема количина на професионален работен алат во вредност од околу 448.500 денари, а откако сакале стоката да ја натоварат во комбе, биле спречени во намерата од страна на полициски службеници од единицата АЛФА.