Тинејџери претепани во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Двајца тинејџери викендов биле физички нападнати во центарот на Куманово од неколку лица.

– На 29.11.2025 година во 12:25 часот во СВР Куманово пријавено е дека ноќта околу 22:00 часот на ул. “Илинденска” во Куманово, лицата Н.А.(18) и Б.Е.(19) биле физички нападнати од неколку лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вандали ноќва ја искршиле фонатаната во Соколански парк (ФОТО)