Тинејџери од Ропаљце ќе одговараат за обид за убиство

Сподели со своите пријатели

Полицијата од Куманово поднесе кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело убиство во обид против Л.О. (19) и ноговиот седумнаесетгодишен брат кои пред два дена во село Ропаљце, липковско нанесоа убодни рани на нивните братучеди, браќата Х.О.(31) и Х.О.(29).

Истите беа неконтактибилни и по укажаната медицинска помош во Општата болница Куманово беа префрлени во Клинички центар Скопје. Двајцата напаѓачи веднаш по настанот беа обезбедени.