Тинејџер убиен во најголемиот трговски центар во Америка

Сподели со своите пријатели

Тинејџер е убиен доцна синоќа при пукање во најголемиот американски трговски центар во Блумингтон, Минесота, каде во моментот на престрелката имало голем број купувачи пред божиќните празници.

Loading...

Полицијата ја опколила зградата цел час, поради што луѓето во паника се криеле во продавниците.

Шефот на полицијата во Блумингтон, Букер Хоџис, изјави дека жртвата е 19-годишен маж, дека инцидентот се чини дека е резултат на конфликт меѓу две групи и дека во еден момент некој извадил пиштол и ја застрелал жртвата повеќе пати.

Според него, целиот инцидент траел околу 30 секунди.

Хоџис ги повика напаѓачите и другите учесници во конфликтот да се пријават во полиција и ги предупреди луѓето кои случајно се нашле на местото на инцидентот да не им помагаат на осомничените да избегнат апсење.

„Ако некој на кој било начин им помогне на овие луѓе, тие ќе завршат во затвори“, рече Хоџис, пренесе Танјуг.

Се очекува трговскиот центар да биде отворен денеска, но продавницата Нордстром каде се случи инцидентот ќе остане затворена, рече Хоџис.