Тинејџер од Куманово заработи кривична пријава поради разбојништво

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово, поднесе кривична пријава против А.Д.(21) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 04.01.2017 година, во околу 20,00 часот на булеварот „Октомвриска Револуција“ на градскиот кеј, спроти на спортската сала во Куманово, пријавениот излегол пред оштетениот Б.К.(19) од Куманово и со употреба на физичка сила по што го турнал на тревата и извршил разбојништво одземајќи му мобилен телефон марка “Нокиа” и полнач за мобилен телефон “Нокиа”, се во вредност од 4.500 денари.