Осумнаесетгодишник од Куманово бил приведен поради закани упатени кон врсник и агресивно однесување кон неговата мајка.
– На 19.11.2025 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Т.(18) од Куманово затоа што се заканувал на Д.Д.(18) од Куманово, а подоцна и агресивно се однесувал кон неговата 46-годишна мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

