На барање на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска отпочна дезинфекција на виталните објекти во градот (Општа болница, Ургентен центар, Центар за јавно здравје, Центар за социјални работи и други јавни објекти).
Loading...

Во акцијата се вклучени припадниците на Армијата и тимови на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило” -Куманово.

Благодарност до припадниците на Армијата, кои ургентно се отповикаа и земаа учество во акцијата, стои во соопштението на општина Куманово.
Loading...


