Тимот на Бајден размислува за „казни“ за Русија поради кибер нападите

Сподели со своите пријатели

Пристапот на новоизбраниот претседател Џо Бајден кон Русија сега е уште потежок предизвик со веста дека Москва можеби е одговорна за масовниот кибер напад врз американските федерални агенции, оцени Си Ен Ен.

Loading...

Избраниот претседател и неговиот тим подготвуваат „стратегија за наметнување трошоци“ за да одговорат на Русија – не само за хакерскиот напад, ако е одговорна Москва, туку и за другите руски попречувачки активности – мерки што ќе вклучат, но нема да се ограничат на, санкции, цитира Си Ен Ен извор близок на Бајден.

Според извор на Ројтерес, како што пренесуваат медиумите, тимот на Бајден разгледува неколку опции, кои се движат од финансиски санкции до кибер напади на руската инфраструктура.

– Одговорот мора да биде доволно силен за да се почувствуваат економските, финансиските и технолошките последици врз извршителите на хакерскиот напад, но и сепак да се избегне судир со нуклеарната сила, рече еден од луѓето запознати со намерите на Бајден, кој побарал да не биде именуван.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во саботата рече дека најверојатно Русија стои зад хакерските напади, но претседателот Доналд Трамп вчера оцени дека зад нив можеби стои Кина.

Сања Костовска

Leave a Reply