Sвездата на „ТикТок“, Ноа Бек (20), е пример за многу млади луѓе кои го следат на популарната социјална мрежа, а тој неодамна призна дека се бори со нарушување наречено телесна дисморфија.
Во интервју за списанието „GQ”, тој призна дека не е се совршено во неговиот живот, и дека долго време се бори со нарушување наречено телесна дисморфија.
View this post on Instagram
– Сите мислат дека мојот живот е совршен, но и јас минувам низ проблеми. Дисморфијата на телото е вистинско нарушување. Имаше моменти кога ќе се погледнам во огледало и ќе си речам: „Тоа е она што ти треба кога не играш фудбал и не трчаш секој ден“ – вели Ноа.
Имено, физичката дисморфија е нарушување на менталното здравје во кое не можете да престанете да размислувате за еден или повеќе перципирани дефекти во изгледот и за работи што можеби не се видливи за другите луѓе. Меѓутоа, поради тоа, ќе се чувствувате засрамено и загрижено и ќе избегнувате јавни собири.
View this post on Instagram
– Никогаш не сум бил во депресија. Никогаш не бев вознемирен. Кога бев тажен кога растев, играв фудбал или разговарав со пријателите и ќе заборавев на тоа. Социјалните мрежи ми донесоа некои такви проблеми, но јас се борам со нив секој ден – заклучи Ноа.
View this post on Instagram