Тиктокер ги убил сопругата и нејзиниот пријател поради прељуба – а потоа ја повикал мајка си (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Познатиот ТикТокер Али Абулабан, попознат како Џинкид, бил уапсен откако ги застрелал сопругата и нејзиниот  пријател, кои ги обвинил за прељуба.

Али Абулабан (29), ѕвезда на Тикток, има повеќе од 940.000 следбеници, но во последните денови е во центарот на вниманието на јавноста поради убиството на сопствената сопруга со која бил во кавга и нејзиниот пријател.

Со сопругата Ана Абулабан (28) често снимаше содржини за популарна социјална платформа и станала позната, но откако се скарале, таа се оддалечила од него со нивната петгодишна ќерка.

Тие престојувале во стан во Сан Диего, пренесува магазинот „Пипл“.

По нивното раскинување, Али целосно полудел и почнал да ја демне Ана.

Додека жената и ќерката не биле во станот, тој успеал да упадне во нивниот дом и да инсталира програма за прислушување на ајпадот на својата ќерка и го демолирал половина од станот, јавуваат странските медиуми

 

 

Тој ја прислушувал неколку дена, се додека не се слушнал машкиот глас на пријателот на Ана, Каденас Барон (29), за кој Али веднаш се посомневал дека е нејзиниот нов љубовник.

Земал пиштол, а потоа се упатил кон станот, каде што ги застрелал сопругата и нејзиниот пријател.

По трагичниот настан се јавил на мајка си, признал што направил, а потоа решил да ја донесе ќерка си од училиште.

Набргу по ова и се предал на полицијата која го уапсила.

Но, Абулабан, наводно, претходно бил насилен кон жената. Минатиот месец жената го пријавила во полиција, бидејќи тој наводно ја турнал и на тој начин ја повредил.

Според последните информации, Али Абулабан на суд не ја преземал вината за трагичниот настан.

 

https://www.tiktok.com/@jinnkid/video/7017803445616807173?is_copy_url=0&is_from_webapp=v1&sender_device=pc&sender_web_id=7018437766186927621