ТИКТОК ЗАБРАНИ ПРИСТАП НА ДЕЦА ПОД 13 години! По смртта на девојчето кое учествувало во СТРАШЕН предизвик

Сподели со своите пријатели

Кинеска платформа за објавување видео снимки денес го блокираше пристапот на децата под 13 години на апликацијата „ТикТок“ и ќе биде користена вештачка интелигенција за да се потврди возраста на корисникот, по неодамнешната смрт на 10-годишно девојче од Палермо кое извршило самоубиство при правење на „Blackout“(несвестица) предизвикот.

Loading...

 

 

Италијанското надзорно тело ќе ја процени ефективноста на мерките објавени од „ТикТок“, објави АНСА. По смртта на девојчето на 21 јануари имало случај со 48-годишна жена од Сиракуза, Сицилија, која била испрашувана за наводно поттикнување самоубиство објавувајќи видео на ТикТок на кое се гледа како маж и жена лепат селотејп околу устата и носот, во уште еден „Blackout“ предизвик.

Истражителите, во меѓувреме, ја прошириле истрагата за смртта на девојчето од Палермо, поставувајќи прашања на Фејсбук и Инстаграм за тоа како е можно да се отворат профили на нивните платформи.

Од Фејсбук соопштиле дека целосно ќе соработуваат со истражителите, а што се однесува до влијателната ТикТокерка од Сиракуза, полицијата открила дека објавила повеќе снимки, со чија помош достигнала 730.000 следбеници од различна возраст. Таа извела околу 20 опасни предизвици, меѓу кои и вдишување на крема низ носот, затворање на очите со клешти и исценирано кршење на раката со тенџере за готвење. Сите предизвици ги изведувала жената од Сиракуза, сите нејзини видеа биле веднаш отстранети.

Leave a Reply