Кинеската компанија ByteDance, која ја поседува платформата ТикТок, рече дека нема намера да ја продаде апликацијата откако Сенатот на САД го усвои законот со кој се бара ТикТок да најде нов сопственик или ќе се соочи со забрана во Америка.
„ByteDance“ не планира да го продаде „TikTok““, објави компанијата на својата официјална сметка на „Toutiao“, социјалната мрежа што ја поседува.
Претходно оваа недела, TikTok рече дека ќе поднесе жалба на „неуставниот“ закон пред суд.
Најавата на ByteDance е одговор на медиумските извештаи дека размислува за можна продажба на TikTok во САД.
Американскиот претседател Џозеф Бајден во средата потпиша закон со кој ќе се забрани TikTok во САД доколку не добие нов сопственик во рок од една година.