ТикТок ја уверува ЕУ дека ќе ги почитува законите за безбедност на децата

Сподели со своите пријатели

Во посетата на Брисел, извршниот директор на социјалната мрежа ТикТок Шоу Зи Чју се обиде да ја увери Европската унија дека апликацијата ќе биде во согласност со сè построгите закони на блокот за приватност и безбедност на децата на интернет.

Loading...

Апликацијата за кратки видеа, која е во сопственост на кинескиот технолошки конгломерат ByteDance, работи во последните три години за да ја намали загриженоста на САД за тоа дали кинеската комунистичка партија или кој било друг ентитет може да пристапи до личните податоци на нивните корисници.

САД, исто така, изразија стравување дека Пекинг може да влијае и манипулира со содржината што социјалната мрежа им ја сервира на корисниците, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција го уништи својот углед како слободна земја, тврди основачот на Telegram

Компанијата минатиот месец призна дека некои нејзини вработени неправилно пристапиле до корисничките податоци на ТикТок на двајца новинари за да се обидат да го идентификуваат изворот на медиумското протекување, што предизвика зголемен безбедносен притисок.

Во споредба со ривалите Мета (Фејсбук) и Твитер, ТикТок е релативно слабо наведен од регулаторите во блокот од 27 земји.