ТикТок и Јутуб: Трка за корисници

Сподели со своите пријатели

Се чини дека TikTok полека го надминува YouTube, во однос на тоа колку време корисниците трошат за да гледаат содржина.

Loading...

Имено, најновите извештаи покажуваат дека корисниците на TikTok во Велика Британија и САД трошат повеќе време на содржина отколку корисниците на YouTube.

Точно е дека YouTube е сз уште најголемата видео платфора – и според бројот на корисници и по бројот на гледани видеа, но се чини дека помладите корисници се повеќе го избираат TikTok.

 

 

Во истражувањето беа вклучени само уреди со Android, но експертите проценуваат дека ситуацијата е иста со корисниците на iOS.

Покрај тоа, TikTok е најсимнуваната апликација во текот на 2020 година, додека просечното време што корисниците го поминуваат за да гледаат содржини од април е повисоко отколку на платформата YouTube.

Loading...

YouTube веќе некое време се бори со помладата конкуренција, па така YouTube Shorts излезе од бета фаза на тестирање уште во мај.

 

 

Дури и тогаш, беше објавено дека треба да стигне до поголем број корисници во САД на краток рок. Новата опција доби премиум место во рамките на апликацијата YouTube, што значи дека се надеваат во имитирање на платформата TikTok.

Се чини дека паметните деловни потези понекогаш значат копирање на успешни модели. Џинови како YouTube не се плашат од такви чекори, а новата опција беше тестирана во Индија во септември 2020 година.

Исто како и TikTok, им овозможува на корисниците да снимаат и споделуваат содржини што траат не повеќе од една минута. Снимките се отвораат вертикално, исто како и на конкурентската платформа, а начинот на прегледување содржина е ист.

 

Loading...

 

Исто така, постојат опции за допаѓање, коментирање и споделување видеа, а единствената разлика е во тоа што YouTube Shorts исто така може да се гледаат како традиционални видеа на обичните канали на YouTube.

Shorts успеаја само во Индија, што не е толку лошо ако се земе предвид бројот на корисници.

Ова не значи дека TikTok не оди напред и наскоро нема да стане најдоминантен меѓу видео услугите.