Американката Тијана Ват (24) за чудо го преживеа пукањето во предградијата на Чикаго. Покрај тоа, по пукањето, таа добила моќ што дури и сега не може да објасни од каде потекнува.
Тијана Ват одела по улицата кога се нашла меѓу две спротивставени банди на тротоарот. Три криминалци стоеле на киоскот, додека поминувал бел автомобил со противници во него. Тие отвориле оган кон оние на киоскот и еден куршум ја погодил Тијана во стомакот.
– Беше ужасно. Сите почнаа да врескаат наоколу. Се сеќавам дека само паѓав и гледав во небото. Почувствував како крвта ми се лееше на стомакот и на бетонот – вели Тијана за ABC 7 Chicago.
Студентката, на која ѝ останале само четири испити до дипломирање, ги затворила очите пред да пристигне брзата помош.
– Не можев повеќе да издржам. Следното што се сеќавам беше екипа на брза помош која ме реанимираше. Во болницата, кога дојдов, ми рекоа дека моето срце не работи веќе шест минути. Не ми е јасно како преживеав на аголот од улиците Пуласки и Кортланд. Она што најмногу ме шокираше е тоа што, како што го толкувам, добив еден вид подарок од Господ за да ги видам опасностите однапред – рече Тијана.
На новинарско прашање што точно мисли со тоа, девојчето кое сега седи и одмара дома вели дека од несреќата до денес, а поминале три месеци, неколку пати однапред видела неколку судири, а во продавница половина минута пред една жена да се онесвести притрчала да помогне.
– Не можам да го објаснам со зборови. Никогаш го немав тоа во мене, таа моќ да осетам опасност пред несреќа. Сега, сите мои пријатели и роднини сакаат да ме допрат и да ме прегрнат за да им го пренесам и нив – вели во смеа Тијана Ват, додавајќи дека нема да се изненади ако некои „служби“ ја посетат по овој разговор.