Чилеанската полиција соопшти дека тигар нападнал и убил жена која работела во сафари парк во градот Ракангуи, 90 километри јужно од главниот град Сантијаго.
Жената, чие име не е откриено, работела на чистење и одржување во одреден простор за големи мачки во сафари паркот.
Во паркот Ракангуи Сафари, животните се движат слободно, а посетителите можат да се возат низ паркот.
Животните се затворени за време на чистењето и одржувањето.
Несреќната жена, како што навела полицијата, не забележала дека кафезот во кој се наоѓа тигарот е отворен.
„Тигарот веднаш ја нападнал и ја убил на лице место“, изјави Вилијамс Еспиноза од полицијата во Ракангуа.
Сафари паркот е затворен поради истрага.
Хорхе Мена, од регионалното јавно обвинителство, рече дека ќе се испита можната вина на трета страна.