Тие се во осумдесеттите години, но погледнете ги нивните профили на Инстаграм (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Инстаграм стана водечка мрежа за промоција на модата, патувањеата, аксесоари, накит, но и одреден начин на живеење. За потребите на рекламирањето на брендови и производи, компаниите обично ангажираат инфлуенсери, поточно, лица кои имаат голем број следбеници на социјалните мрежи.

Веројатно сега мислите дека таа работа е само за младите, убави, затегнати и згодни. Меѓутоа, сте се излажале.

На Инстаграм постои група инфлуенсери кои не се срамат од своите години, седата коса и брчките и токму поради тоа станаа многу влијателни и барани.

Бади Винкл е една од носителките на бранот сениорски ѕвезди на социјалните мрежи кои не се срамат од своите години или опуштени гради.

https://www.instagram.com/p/Blon4I2gd8a/?utm_source=ig_embed

Вистинското име на Бади Винкл е Хелен Ван Вринкл. Иако нејзиниот живот на фотографиите е прополн со бои, вистинската приказна е тажна. Имено, таа започнла да носи светли бои по смртта на синот и мажот.

https://www.instagram.com/p/BGDQ5ixrFbt/?utm_source=ig_embed

Неа можете да ја видите во разни изданија, од кратки пинк пуфкасти фустани, до секси корсети и костими за капење.

Нејзините постови имаат добар одзив кај публиката, така да нејзината Интернет вредност е проценета на околу милион долари, и тоа најмногу поради тоа што ја следат нешто повеќе од 3,8 милиони луѓе.

https://www.instagram.com/p/Ba7FIppA3S5/?utm_source=ig_embed

– Годините не се број туку став, ова е мотивот по кој се води 83-годишната Дори Џонсон, некогашна Плејбој зајачица која со своите постови докажува дека жените можат да бидат згодни и секси дури и во деветтата деценија од животот.

https://www.instagram.com/p/BiWrCP3H1u_/?utm_source=ig_embed

Како што вели и самата, нејзиното момче обожава кога ќе облече препознатлив корсет и ќе стави зајчиња во ушите. Познатата пулерка ја красила во 1960 година.

https://www.instagram.com/p/BhmxX1bnre4/?utm_source=ig_embed

Што се однесува до блогувањето, рекла дека нему му се посветила пред три години, по смртта на сопругот кој починал од Алцхајмер. Секојдневно добива поддршка од бројни фанови, а еден од најубавите комплименти го добила од еден 28-годишник кој напишал дека ја обожава и дека би ја оженил.

https://www.instagram.com/p/BhctMKfnGgK/?utm_source=ig_embed

– Ги сакам своите брчки и немам желба да исчезнат, порачува Сара Џејмс Адамс, 36-годишна супер баба, како што ја нарекуваат. Како и нејзините колшеки, ниту неа животот не ја мазел, па така самата ги кренала двете ќерки близначки. Сепак, таа денес е среќно мажена. Обожава патувања, а омилена дестинација и е Индија, која најмногу сака да ја обиколува на мотор, сака и јога, а ја привлекуваат претежно помлади мажи.

На Инстаграм моментално ја следат околу 178.000 луѓе.

https://www.instagram.com/p/Bm5mFrOBYD0/?utm_source=ig_embed

Ако ви се случило да сте виделе како плови на розово фламинго или како некоја бабичка само ги менува модните комбинации поради фотографирање, не би верувале. Јана Корела има 60 години и една од нејзините омилени реченици е “Сивата е новата плава“, алудирајќи на својата боја на косата.

Како што вели, на блогувањето се одлучила по лошото искуство со колегите на работа со која претходно се занимавала.

На сите жени, без оглед на годините, им порачува да имаат слобода, да работат што сакаат во било кое време.

На Инстаграм ја следат 31,3 илјади луѓе.

https://www.instagram.com/p/BkocuCBj6Fr/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply