Тие нему отказ, тој на нив со багерот: Им нанел штета од два милиони евра (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Откако бил отпуштен, работник во фабриката Мерцедес во Виторија на северот од Шпанија украл багер од градилиштето и лут уништил повеќе од 50 возила Вито и В-класа, кои се произведуваат во оваа шпанска фабрика.

Loading...

Штетата се проценува на повеќе од два милиони евра, пишува Бизлајф. Работникот е уапсен и обвинет за повеќе кривични дела.

Според локалните медиуми, среќна околност е што инцидентот се случил во време кога погоните не работеле, а околу фабриката биле само членови на службите за безбедност и одржување, така што немало повредени или жртви.

Штетата можела да биде и поголема, имајќи предвид дека, според сведокот, работникот со багер се обидел да влезе во производствената сала за да ја оштети скапата опрема, но не успеал во тоа.

Нејасно е што го поттикнало овој чин, но планот веројатно бил подготвуван долго време, имајќи предвид дека незадоволниот човек ја напуштил компанијата во 2017 година.

Точните мотиви на неговите постапки ќе бидат познати кога тој ќе се појави пред судијата.

Leave a Reply