Животот понекогаш навистина може да биде предизвик и да нè доведе во незавидни ситуации.
Сепак, на некои луѓе им е потешко да се справат со ваквите предизвици, па затоа можат да станат горчливи и „тешки“. Таквите луѓе честопати се бескомпромисни и тврдоглави, затоа, понекогаш несвесно, лошо се однесуваат кон другите луѓе, а најчесто се раѓаат во овие хороскопски знаци.
Овен
Ако се под голем стрес, луѓето родени во знакот Овен често шират негативна енергија околу нив. Стануваат агресивни и досадни и навистина не се двоумат да ви го уништат денот со постојано жалење.
Близнаци
Честопати е тешко за близнаците да одлучат за вистинската работа. Токму поради нивната неодлучност, ако изберат нешто што не е во ред, тие знаат да станат мрачни и тешки за околината. Во вакви моменти, тие не се најдоброто друштво.
Девица
Луѓето во знакот на Девица, бидејќи се перфекционисти, најчесто сметаат дека имаат право да бидат доминантни над другите и отворено и остро да ги критикуваат. Тие често знаат како да се занесат во своите критики и на тој начин да ги повредат оние што ги сакаат.
Водолија
Водолиите мислат дека се супериорни во однос на другите. Оваа одлика честопати ги прави горчливи и буди доза цинизам кај нив, што на крајот ги тера да се дистанцираат од другите луѓе.