Поради обврските кои екипата на ТФТ ги имаше во текот на оваа недела во АБА 2 лигата (гостување во Златибор), вечерва беше затворено 19. коло од „МТЕЛ“ Супер лигата.

Публиката во спортската сала во Куманово виде еден доста тврд натпревар, во кој реализацијата не беше на суперлигашко ниво (од двете страни на теренот), а на крајот на победата и се радуваа кошаркарите на ТФТ.

Откако во регуларниот дел средбата беше во егал (69:69), во продолжението од пет минути, гостите од Скопје одиграа подобро и победија.

Без некои резултатски отскокнувања се одвиваа работите на теренот. Можеби за нијанса, гостите од Скопје имаа подобар почеток, кој го валоризираа и со водство по десет одиграни минути (22:18).

Но не направија „црно-белите“ и нешто повеќе од тоа. Домашниот тим не дозволи такво нешто, и до крајот на полувремето, предноста беше сеуште на страна на гостите, ама минимална (38:37).

Во второто полувреме, за нешто подобар степен беше играта на „сино-белите“, кои успеаја предноста да ја „однесат“ на нивна страна, макар што, исто така, не беше превисока.

Сепак, со значајни (54:50) влегоа во периодот на одлука.
Или минути во кои МКК Куманово поведе и со пет поени (61:56з), кога се играше 34.минута.

Но, Дејвис, со четири поени, го врати ТФТ во игра за успех на тешкото гостување во Куманово. Радукиќ и Луковиќ ја вратија предноста (67:62), на нешто помалку од две минути до крајот.

Во нив Ташовски и Дејвис му донесоа и нерешени (67:67) на гостинскиот состав. По поентирањето од линијата за слободни фрлања на Николиќ, погоди Гордон и донесе ново изедначување (69:69).

Останаа 16 секунди за одлука. А по тајм-аутот на тренерот на МКК Куманово, Марин Докузовски, шутот вреден победа за МКК Куманово, не го искористи Ѓуроски, па мораше да се одиграат дополнителни пет минути.

По три минути играње во екстра перидот, ТФТ поведе со големи (78:71). Кумановци успеаја да се доближат на (76:78), по што уследи можеби и најважната тројка во суперлигашката кариера на младиот Иванов, за плус 5, (81:76), на 1:12 минути до крајот.
Во нив, Стевановиќ и Радукиќ не успеаја да вратат, па ТФТ дојде до многу два важни бода на ова гостување.

Кај ТФТ, свои поентерски минути имаше Дејвис, кој застана на ефект од 29.поени (12/16 во обидите за два поени), имаше и шест скока и три асистенции. Гордон уфрли 15. поени (имаше и девет скока), а двоен број на поени, вкушно 10. додаде и Ташовски.

Радукиќ беше централна фигура во домашната екипа. Не само во фазата на нападот, каде реализираше 25.поени. Додаде силното крило и 11.скока и 3.асистенции. Двоен број на реализации имаа Стевановиќ и Луковиќ, двајцата по 13, како и Димитриевски – 10.





Текст: КФСМ / фото: Никола Ивановски

