Русинот кој за време на борбата со ракот истетовирал 90 отсто од своето тело ги отстранил гениталитие затоа што ги „прекривале“ тетоважите.
Откако на Адам Курликале (32) од Калининград му е констатирано тешко заболување, минал 12 години прекривајќи го телото, па дури и очните јаболки со црвено мастило. Меѓутоа му делувало како некои делови од телото да го расипуваат впечатокот, па платил хирурзите во Мексико да му ги отстранат пенисот, тестисите и брадавици.
Адам инаку се прослави минатата година кога во полската шоу програма „Второ лице“ откри како ги прекривал дамките на кожата кои останале по ракот. Тој имено бил депримиран затоа што по добиената најважна битка, покрај ослабнатиот имунитет, изгледал бледо и болно. Лекарите му дијагностицирале албинизам и тој започнал да се тетовира.