Тетовчанец баран за издржување затворска казна приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишнен жител на Тетово со иницијали Џ.И. вчера околу 16:30 часот биле приведен на граничниот премин Табановце, при влез во Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При пасошката контрола од страна на полициските службеници било констатирано дека лицето се бара за издржување казна затвор во траење од 30 дена за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“.

Истиот е приведен и предаден на Секторот за внатрешни работи – Куманово, за понатамошна постапка.