ТЕСТ од 20 секунди со кој ќе проверите дали ви се заканува мозочен удар

Сподели со своите пријатели

Ако не можете да балансирате на една нога подолго од 20 секунди, тоа може да биде знак дека ви прети ризик од деменција или мозочен удар, велат експертите

Тие откриле дека неможноста да се стои на една нога подолго од 20 секунди е поврзана со микрокрварењата и „тивкиот“ мозочен удар кој е опасен по живот.

Иако повредите на мозокот биле премногу мали за да се забележат симптомите, научниците предупредуваат дека тие можат да укажат на растечки проблеми.

Нашето истражување покажа дека способноста на лицата да стојат на една нога претставува важен тест кој открива колку мозокот ни е здрав. Луѓето кои имаат лоша рамнотежа би требало да побараат совет од стручно лице затоа што тоа може да укажува на болести на мозокот и опаѓање на менталните способности – вели др. Јашуару Табара од Кјото Универзитетот во Јапонија.

Резултатите на истражувањето покажале дека 35% од лицата кои не можеле да држат рамнотежа повеќе од 20 секунди имале микрокрварања во мозокот.

 

Loading...