Тест на личност од три секунди кој открива многу за вас!

Сподели со своите пријатели

Како ја пишувате буквата „Х“? Направете го овој тест на личноста, кој ќе ви открие неверојатни факти за вашиот карактер!

Loading...

Колку добро се познавате себеси? Дали вашиот став се совпаѓа со мислењето на околината или сте изненадени кога ќе слушнете како ве опишуваат?

Според некои, добар тест е да проверите дали сте способни да наведете пет од вашите најдобри квалитети за помалку од пет секунди, без размислување.

Колку и да изгледа едноставно, повеќето луѓе престануваат по третата…

Постојат неколку тестови кои ја откриваат вашата личност, врз основа на некои „први импулси“ – на пример, која слика најмногу ве привлекува, кој термин првпат сте го виделе, каков е вашиот ракопис…

Еден од нив моментално е хит на социјалните мрежи, и не може да биде поедноставно. Се што треба да направите е да земете молив во рака и да ја напишете буквата „Х“.

Внимавајте многу како го правите тоа, која линија прво ќе ја нацртате, дали се движите одоздола или одозгора, лево или десно… Овие детали ќе откријат многу за вашиот карактер, без воопшто да сте свесни за тоа.

Погледнете ја табелата и проверете на кој тип припаѓате. Стрелката во боја покажува како го повлекувате првиот потег, а црната последниот.

Loading...

Доколку се најдете во бројот …

 

 

1 – Живеете во минатото и тврдоглаво одбивате да излезете од вашата топла сигурност. Сакате да одите напред, да ги менувате работите во животот, но најчесто брзо се откажувате бидејќи делува премногу комплицирано.

 

2 – Се криете од нешто, веројатно од некој настан од минатото кој ве повредил. Се обидувате да се залажете со постојана „акција“, но морате да се соочите со она што ве кочи за да продолжите со животот.

 

Loading...

3 – Вие сте „бунтовник без причина“, сакате да се истакнувате и затоа секогаш се спротивставувате, дури и кога знаете дека грешите. Стравот да не бидете забележани е поголем од фактот дека воопшто не уживате во овој бунтовнички став.

 

4 – Далеку сте во иднината! Постојано размислувате однапред, планирате настани и предвидувате можни пречки. Избегнувате да се занимавате со минатото, вашиот принцип е „што се случило, се случило и одиме понатаму“. Понекогаш е корисно да погледнете наназад и да размислите за искуствата што сте ги стекнале.

 

5 – Веројатно сте левак, а тоа кажува нешто за вашата личност. Ве краси изразена интелигенција, креативни сте, но и тврдоглави. Многу е веројатно дека имате проблеми со поврзувањето со луѓе „на прв обид“.

 

6 – Вие ги поставувате трендовите! Имате љубопитен ум и широко поле на интерес. Многу е веројатно дека многумина ќе ве имитираат. Сè што е ново и корисно прво ќе усвоите, а потоа ќе ве следат другите. Во секоја средина уживате голема почит на работа.

 

Loading...

7 – Живеете по свои правила! Многу сте независни, не ви е важно мислењето на околината, а тие особини ве прават исклучително добар пријател. Вашата социјална интелигенција е многу развиена, и кој ќе ви се обрати за совет секогаш ќе има корист!

 

8 – Размислувате „надвор од кутијата“, секогаш наоѓате поинаков агол на гледање на настаните и луѓето. Исклучително сте интелигентни и љубопитни, не ги прифаќате авторитетите лесно. Очекувате расправии ако веќе некого ќе почитувате и цените.