Тесла удри во полициски автомобил, истрага е во тек (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Среќа во несреќата е што нема жртви.

Loading...

Според информациите споделени на социјалните мрежи од полициската патролна единица на Флорида, полициски Доџ Чарџер стоеше покрај патот за да му помогне на возачот на запрениот теренец Мерцедес.

Во еден момент Доџ беше погоден од Тесла Модел 3. Возачот на Тесла потоа изјави дека управувањето со автомобилот е препуштено на автономниот систем за возење на авто пилот на Тесла.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи сведочат за силата со која Тесла ја погоди левата страна на Доџот. Заедно со Доџот, оштетен е и Мерцедесот, додека тркалото на Тесла се откачило.

Добрата вест е дека во несреќата нема загинати.

Несреќата се случи само неколку недели откако американските регулатори започнаа истрага за работата на автопилотскиот систем на Тесла. NHTSA известува за 11 сообраќајни несреќи во кои учествувале автомобилите на Тесла со вклучен автопилот.

 

Loading...