Тесла има заработено повеќе од Биткоин, отколку од електричните автомобили

Сподели со своите пријатели

Тесла предизвика шок на пазарот кога објави дека купува биткоини за 1,5 милијарди долари.

Loading...

Овој потег ја катапултираше цената на најпознатата крипто валута до незамисливи височини, истовремено носејќи импресивен профит за тој производител на електрични возила, пишува Yahoo Finance.

Биткоинот во вторникот за прв пат надмина 50.000 долари, продолжувајќи да расте во 2021 година, бидејќи растечкото прифаќање на криптовалутата ја зголеми побарувачката од инвеститорите, обложувајќи се на нејзиниот иден раст.

Тесла во јануари купи биткоини за 1,5 милијарди долари, иако не откри по која цена и колку вкупно поседуваат.

За потсетување, во јануари со биткоинот се тргуваше од 29.333 до 37.020 долари за парче, што значи дека за 1,5 милијарди Тесла требаше да добие од 37.020 до 51.137 биткоини.

Во зависност од тоа која вредност е земена во предвид, вредноста на биткоинот во сопственост на Тесла е, според сегашната цена од 51.259 долари, најголема досега, за 51.137 биткоини – 2.621.231.483 долари, така што профитот може да биде поголем отколку во целата деловна активност 2020 година, пишува Yahoo Finance.

Имено, Тесла пријави профит од 721 милиони долари во фискалната 2020 година, по загубата од 862 милиони во 2019 година.

Дури се проценува дека профитот од таа една набавка на биткоин може да го надмине вкупниот профит на Тесла од автомобилите во изминатата деценија.

Loading...

Leave a Reply