Тешко оружје и муниција, како и религиозни икони, се пронајдени рано утрово во корпа за отпадоци во општина Кесарјани, во близина на Атина, објавија грчките медиуми.
Loading...
Оружјето е откриено околу два часа по полноќ, а потоа на местото на настанот пристигнале членови на грчката Агенција за управување со вонредни состојби, објавува Катимерини.
Агентите во корпата пронашле, меѓу другото, одбранбена граната со механизам за детонација, десет глави од минофрлачки гранати, цевки и други делови од демонтирано оружје, како и 14 религиозни икони.
Случајот го презеде Истражната служба на грчката полиција.