Малолетен пешак од кумановското село Черкези било тешко повредено, откако вчера во него удрило возило „сеат леон“.
– На 03.03.2022 во 16.14 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – село Липково, кај селото Опае, патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(26) од селото Оризари, општина Липково, удрило во малолетен пешак од селото Черкези, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

