Седумдесет и петгодишна кумановка е тешко повредена откако во неа удрил сограѓанин кој управувал „фолксфаген туран“.
Loading...
– На 03.06.2024 во 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Пелинска“ и ул.„Ленинова“ во Куманово, патничко возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.В.(42) удрило во пешакот Р.М.(75), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила Р.М. констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски