Осумдесет и петгодишен пешак од Куманово бил тешко повреден откако во него удрило „пежо“ управувано од 49-годишник.
Loading...
– На 13.11.2024 во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(49) од с.Романовце, кумановско, удрило во пешакот Б.А.(85) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски