Шеесет и деветгодишен пешак се здобил со тешки телесни повреди на патот Куманово – Крива Паланка кога во него удрил „голф“.
– На 04.01.2025 година во 17.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 17.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, атар на село Војник, општина Старо Нагоричане, патничко возило „Фолксваген голф“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(50) од село Талашманце, кратовско, а во сопственост на А.Љ.(25) од Кратово, удрило во пешак Д.С.(69) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, Д.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски