Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Девентаесетгодишен мотоциклист во Куманово вчера се здобил со тешки телесни повреди, откако со својот мопед се судрил со друг млад возач на автомобил.

Loading...

– На 24.02.2021 во 16.05 часот во СВР Куманово било пријавено на крстосница од ул. „1“ и ул„6“ во населба „Бабин дол“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(23) од Куманово и мопед „кимко“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.П.(19) од село Биљановце, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, П.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply