Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа што вчера се случила во кумановско околу 17:20 часот.

Турскиот државјанин, 34 годишниот Е.А, кој управувал мотоцикл „јамаха“, исклучувајќи се од автопатот ГП Табановце-Скопје, со намера да се приклучи на магистралниот пат Крива Паланка-Кумановово, кон Крива Паланка, изгубил контрола, преминал на левата сообраќајна лента и удрил во патничко моторно возило „таврија“ кое го управувал 58 годишниот кумановец Т.А, кој се движел од Крива Паланка кон Куманово.

Турскиот државјанин се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во кумановската болница префрлен е во Ургентен центар во Скопје.

Кумановецот  и неговата сопатничка од автомобилот С.А (1960) се здобиле со повреди.

Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Куманово.