Триесет и седумгодишен мотоциклист од Куманово бил тешко повреден откако со својот мотор се судрил со „БМВ“ на булеварот „Октомвриска револуција“.
– На 14.06.2024 околу 23.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булевар „Октомвриска Револуција“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(36) од Куманово и мотоцикл „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ж.Д.(37) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од кумановската полиција, со тешки телесни повреди се здобил Ж.Д., констатирани во Општа болница Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски