Тешко повреден градежен работник од Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 20.00 часот во СВР Куманово, лекар од Ургентен центар Куманово пријавил дека кај нив бил донесен повреден С.Ј. (57) од с.Биљановце, кумановско.

Како што информираат од полицијата, при симнување од дрвена скала од објект во изградба во село Клечовце работникот паднал и се здобил со повреди на главата. Поради сериозноста на повредата С.Ј. истиот бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клини „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на место извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply