Тешко повреден 87-годишнен пешак од Куманово

Сподели со своите пријатели

Осумдесен и седумгодишен пешак од Куманово бил тешко повреден, откако вчера во него удрил форд фокус што го управувал негов сограѓанин.

Loading...

– На 14.10.2021 во 18.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „форд фокус“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Љ.(32) од Куманово, удрило во пешакот Ф.Љ.(87) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски