Шестгодишно момче е тешко повредено откако четирицикл удрил во неговиот велосипед.
Loading...
– На 07.06.2020 во 15.30 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„300“ и ул.„260“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл „јамаха“, со бугарски национални ознаки, управуван од С.Ј.(46) од Куманово и велосипед управуван од шестгодишно дете од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски