Тешка сообраќајна несреќа во Средорек (фото)

Сподели со своите пријатели

Мотоциклист настрада во тешка сообраќајна несреќа што пред неполни 30 минути се случила во населбата Средорек, откако автомобил удрил во него.

Според очевидците, мотоциклистот не носел кацига при што удрил во асфалт и ја повредил главата. Почнал да крвари од увото, а според исказот на очевидецот истиот има сериозни повреди. Тој повикал Брза пмош при што мотоциклистот итно бил пренесен во болница.

Од СВР Куманово ја потврдија сообраќајната несреќа, но засега немаат информации за карактерот на несреќата, ниту за состојбата на повредениот со оглед дека увдиот се уште трае.

Наскоро повеќе детали.